Адвокатот на Груевски тврди дека ќе имало кривично дело ако не се срушел „Космос“

Ниту Никола Груевски, ниту Миле Јанакиески како ни Елисавета Најдовска и Насер Ралев кои ги застапувам не го извршиле кривичното дело кое им се става на товар. Ова на денешното рочиште за случајот „ТНТ“ го кажа адвокатот Димитар Дангов.

– Груевски ниту самостојно, ниту во договор со Јанакиески не го поттикнале Тони Трајковски незаконски да го сруши објектот „Космос“. Одбраната ќе докаже дека премиер и министер не се позиции на моќ, туку службени лица со надлежности пропишани во закон. Апсурдот е во тоа што не постои незаконско рушење кое го содржи описот на кривичното дело кое им се става на товар – рече Дангов.

Тој додаде дека неговите клиенти работеле законски.

– Законски постапувале. Доколку не било извршено рушењето тогаш ќе стореле кривично дело за незаконито вршење на службата – истакна Дангов.

На рочиштето присуствуваат сите обвинети – поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, поранешниот градоначалник на општина Гази Баба, Тони Трајковски, градежна инспекторка од Гази Баба и тројца членови на општинската комисија за набавки.

Според обвинителниот акт, со постапката на уривање на објектот на бизнисменот Цаноски е предизвикана штета од 16 милиони евра, а дополнително на буџетот на општина Гази Баба уште три милиони денари. Цаноски и фирмата ФИМЕТ најавија дека ќе поднесат побарувања за причинетата штета.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Ковачевски: Пораката од САД, НАТО и ЕУ е јасна -сите политички партии треба да ја сфатат и да го поддржат европскиот пат на државата

„Пораката од нашиот стратешки партнер САД е многу јасна и од заменик-помошникот државен секретар на …