Агенцијата ги почна обуките на службеници за навремено одговарање на барањата за слободен пристап до информации

Агенцијата ги почна обуките на службеници за навремено одговарање на барањата за слободен пристап до информации

Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер вчера ја одржа првата од серијата еднодневни обуки на тема: „Примена на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер“. Главната цел на обуката од стручниот предавач Цветан Станоески е оспособување и едуцирање на службените лица – правилно и навремено да одговараат по барања за слободен пристап до информации, согласно новиот закон од 2019 година.

На првата обука одржана со физичко присуство учествуваа четири од шест поканети службени лица за посредување со информации, кои доаѓаат од институции кои годинава за првпат биле евидентирани во Листата на иматели на информации од јавен карактер.

„Споредено со досегашните обуки, оваа едукативна средба имаше поинаков концепциски, но воедно и нагласен интерактивен и интеркомуникативен пристап, а службените лица, имаа поголема можност и повеќе време да дебатираат и поставуваат прашања во врска со новите законски одредби, да ги разјаснат дилемите и да разменат мислења во врска со примената на Законот“, информираат од Агенцијата.

До крајот на годинава, Агенцијата предвидено е да одржи 12 обуки на кои ќе бидат поканети 96 службени лица. Во овој период ќе бидат спроведени и 8 онлајн обуки, на кои ќе бидат поканети 140 службени лица кај нови иматели на информации, новоназначени службени лица кај постоечките иматели, како и службени лица кои, без оглед што претходно посетувале обука, потешко се справувале со постапувањето по барања за пристап до информации од јавен карактер, поради што почувствувале потреба за доедукација.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Град Скопје: Фирма без соодветни документи и дозвола монтира панорамско тркало пред „Борис Трајковски“

Град Скопје: Фирма без соодветни документи и дозвола монтира панорамско тркало пред „Борис Трајковски“

Од Град Скопје ги повикуваат надлежните да постапат во најкус можен рок, бидејќи „се доведува …