Академик Љупчо Коцарев избран за нов претседател на МАНУ

Академик Љупчо Коцарев избран за нов претседател на МАНУ

Академик Љупчо Коцарев избран за нов претседател на МАНУМакедонската академија на науките и уметностите (МАНУ) го избра новото раководство со мандат од четири години. Академик Љупчо Коцарев од јануари следната година ќе биде претседател на МАНУ, наследувајќи го академик Таки Фити.

МАНУ на Изборното собрание ги избра академиците Живко Попов и Газанфер Бајрам за потпретседатели на академијата, додека за Научен секретар на МАНУ е избран академик Изет Зекири, соопштија од академијата.

За членови на Претседателството на МАНУ се избрани академиците: Катица Ќулавкова, Абдулменав Беџети, Владимир Серафимовски, Леонид Грчев, Глигор Јовановски, Радован Павловски и Момир Поленаковиќ.

Новиот претседател на МАНУ е редовен професор на Факултетот за информатички науки и компјутерско инжинерство (ФИНКИ) при УКИМ. Љупчо Коцарев е избран за редовен член на МАНУ во 2007 година. Бил вработен и на Електротехничкиот факултет при УКИМ, а во својата богата професионална кариера е впишано и неговото работно искуство како дел од тимот на Универзитетот Калифорнија во Сан Диего, САД.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Советот за човекови права на ОН ќе расправа за состојбата со човековите права во Северна Македонија

Советот за човекови права на ОН ќе расправа за состојбата со човековите права во Северна Македонија

Работната група на Советот за човекови права на Обединетите Нации (ОН), денеска (2 мај) во …