„Алкалоид“ донираше 200.000 евра и ги намали цените на 158 производи од својот асортиман

„Алкалоид“ донираше 200.000 евра и ги намали цените на 158 производи од својот асортиман

„Алкалоид“ АД Скопје денеска донираше 200.000 евра на посебната наменска донаторска сметка на Министерството за здравство, формирана за целите на справување со здравствената криза. Истовремено, „Алкалоид“ ги намалува цените на 158 свои производи, меѓу кои и на „Аналгин“, „Кафетин“, „Прокулин“, „Бетадине“„Ацерола“, „Блокмакс“, „Бронлес“, лекови за намалување на телесната температура, одредени помошни лековити средства, разни витамини и додатоци во исхраната, средствата за чистење од колекцијата „Глос“ и сл.

Информацијата за намалувањето на цените на производите е проследена до сите чинители во дистрибутивниот ланец: веледрогерии, аптеки, дистрибутери и поголеми ланци на маркети.

Веќе две недели компанијата „Алкалоид АД Скопје“ функционира во извонредно турбулентни услови. Се бориме за обезбедување залихи на производи кои не ни се примарна дејност, но во моментов се од суштинско значење за сите; се соочуваме со огромни логистички предизвици во услови на затворени граници, блокирани и поскапени суровини и амбалажи; секојдневно носиме одлуки кои се од исклучителна важност за компанијата, при тоа ставајќи акцент на врвниот приоритет здравјето на луѓето, информираат од компанијата.

Од „Алкалоид“ апелираат до целата македонска јавност да ги следи и најодговорно да ги почитува препораките на Министерството за здравство и Владата, со цел да се превенира најлошото можно сценарио.

Прочитајте повеќе

земјотрес

Во Берово и Пехчево почуствуван земјотрес со јачина од 3,2 степени

Според досегашните податоци, земјотресот е почувствуван од жителите овие подрачја, а интензитетот се движи од …