Американскиот помошник државен секретар Донфрид во Скопје

Американскиот помошник државен секретар Донфрид во Скопје

Американскиот помошник секретар во Бирото за европски и евроазиски прашања, Карен Донфрид денеска ќе престојува во Скопје каде што ќе се сретне со претставници на владата за да ја сигнализира, како што наведе Стејт департментот, американската силна поддршка за пристапните преговори на Северна Македонија во ЕУ. Таа ќе ја повика најновата членка на НАТО да ја продолжи блиската соработка за низа регионални, безбедносни и одбранбени прашања и за промовирање на демократијата и регионалната стабилност. Потоа Донфрид ќе отпатува за Албанија на одбележување на 100 годишнината од американско-албанските дипломатски односи.

Амбасада на САД: Северна Македонија и Албанија ги задоволуваат условите за почеток на преговорите

При вчерашната посета на Босна и Херцеговина таа ги охрабри босанските претставници да продолжат со институционалното учество на сите нивоа на власта за да ги унапредат функционалноста, како и реформите со цел поголем просперитет БиХ да добие кандидатски статус за ЕУ. Донфрид ја повика БиХ да ги одржи есенските избори навреме и да постигне напредок во борбата против ендемската корупција. Донфрид турнејата по земјите од Западен Балкан ќе ја заврши на 29 април со посета на Црна Гора. Таа во вторникот и во понеделникот разговараше со официјални претставници на Србија и на Косово.

Извор: Радио Слободна Европа

Прочитајте повеќе

Есенската кошница заврши - се чекаат новогодишните мерки

Есенската кошница заврши – се чекаат новогодишните мерки

Повеќе од 70 основни прехранбени производи од денеска, први ноември, ќе добијат нови цени откако …