Информација на АМСМ за состојбата на патиштата:
Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, на некои повисоки места има остатоци од кашест снег на коловозот.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Забрана за сообраќај на тешки товарни возила има на патните правци Битола – Ресен преку планинскиот премин Ѓавато, Кичево – Охрид преку планинскиот премин Пресека, Гостивар – крак Маврово – Дебар, како и на планинскиот премин Стража.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.