Андреј Николоски: Општина Крушево ги поддржува сите спортисти согласно скромните можности

Андреј Николоски: Општина Крушево ги поддржува сите спортисти согласно скромните можности

Реакција на претседателот на Совет на општина Крушево, Андреј Николоски:
Како претседател на Совет ја разбирам разочараноста на еден од најуспешните спортисти во моментов Ставре Јада. Советот донесе одлука за доделување на средства како поддршка на учесникот на Зимските олимписки игри во Пекинг, Кина, кои секако се малку и не се доволни.
Најпрво, можностите на општината се тие. Општината и Советот одделуваат максимално средства за спортисти и спортски клубови. Секоја година општината објавува повик за спортски клубови и невладини организации чија вредност е околу 300.000 денари за клубовите и 100.000 за невладини организации. Ова се навистина малку средства за скијачките клубови, фудбалскиот, одбојкарскиот и други, како и за активните невладини и Црвен Крст.
Пред неколку години Општина Крушево усвои методологија со која на транспарентен начин, преку јавен повик, се доделуваат средства за спортот и здруженијата. На тој начин се овозможни рамномерно доделување на финансиски средства и поддршка на сите клубови. Ќе напоменам дека овие средства не се доволно, но се добар почеток за транспарентна помош.
Истовремено, Општина Крушево на страна од овој повик излегува во пресрет на барањата на клубовите со отстапување на општинските возила за патување и финансирање на страна од јавниот повик. Таков е случајот и со Ставре Јада.
Сакам да напоменам дека на денешната седница доделивме и средства и на претставници од здружение на слепи лица од Крушево кои исто така спроведуваат активности на територија на општина Крушево за поддршка на оваа група на граѓани.
Во месец март ќе има повторно повик преку кој ќе ги поддржиме спортските клубови, а поддршката нема да застане и ќе изнаоѓаме начини истата да се зголеми.
Како претседател на одбојкарскиот клуб „Синалко“, сакам да потенцирам дека на успешните спортисти и спортски клубови Агенцијата за млади и спорт секоја година им доделува ваучери преку кои се финансираат спортистите и спортските клубови. Ваучери и средства добиваат и федерациите. Така што, поддршката за спортистите и спортските клубови на државно ниво никогаш не била поголема. Дали е тоа доволно? Во многу случаи не, но останува да се бориме за да имаме уште поуспешни спортисти.
На Ставре Јада, кој е наша гордост, му посакувам успех во Пекинг, Кина!

Прочитајте повеќе

Ковачевски: Како што Делчев и Илинденците не се откажале, така и ние не треба да се откажеме од борбата за подобра Македонија

Ковачевски: Како што Делчев и Илинденците не се откажале, така и ние не треба да се откажеме од борбата за подобра Македонија

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, испрати порака со оддавање почит и слава …