Ангеловска-Бежоска: Народната банка ќе започне со активности за поддршка на „зелените финансии“ и се фокусира на поддршка на финтек-секторот

Ангеловска-Бежоска: Народната банка ќе започне со активности за поддршка на „зелените финансии“ и се фокусира на поддршка на финтек-секторот

Предвидовме започнување со активности со кои ќе им се овозможи поддршка на „зелените финансии“ во рамките на остварувањето на нашите основни цели. За таа цел, се предвиде поттикнување и развој на истражувачката активност во областа на „зелените финансии“, како сфера којашто треба да се вгради во приоритетите на секоја општествено одговорна институција, а заради придонес кон создавањето „зелена“ и одржлива економија, што во крајна линија би обезбедило повисок животен стандард и унапредување на квалитетот на животот за граѓаните.
Ова го истакна гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, во интервју за порталот bankarstvo.mk.
Во интервјуто, гувернерката посочува дека климатските промени, како една од најголемите глобални закани, добиваат сѐ поголемо значење и во активностите на централните банки, при што тие, во последните години, сѐ повеќе го анализираат влијанието на климатските промени врз финансиската стабилност и монетарната политика.
Токму од оваа причина, како што истакнува Ангеловска-Бежоска, кон крајот на минатата година Народната банка го дополни Стратегискиот план со вклучување активности за следење и управување со ризиците од климатските промени, како и анализа на можното влијание од климатските промени врз банкарскиот систем.
Ангеловска-Бежоска се осврнува и на другите развојни проекти коишто Народната банка планира да ги оствари оваа година, како дел програмските активности. Притоа, нагласува дека меѓу другото, тимот на Народната банка особено ќе се фокусира на поддршката на развојот на финтек-секторот, на што нѐ упатуваат резултатите од спроведената анкета со поддршка од ЕФСЕ.
Во интервјуто, гувернерката се осврнува и на очекувањата за трендовите во банкарскиот сектор во 2021 година, како и во сферата на банкарската регулатива.

Прочитајте повеќе

Народна банка

Народна банка обезбеди стабилност на денарот, инфлациските движења и банкарскиот сектор

Народната банка води соодветни политики, кои придонесоа за стабилизација на инфлацијата, курсот на денарот и …