Армиски и полициски хеликоптер го гасат пожарот на Криволак, воените магацини се дополнително осигурани

Армиски и полициски хеликоптер го гасат пожарот на Криволак, воените магацини се дополнително осигурани

Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов соопшти дека утрово изврши извидување на три активни пожари, од кои најголемиот е во Криволак.

„Најголемиот пожар е на дел од подрачјето на воениот полигон Криволак каде што во моментов со дејство врз огнот започнаа еден армиски и еден полициски хеликоптер.
Воените магацини се дополнително осигурани и се безбедни“, истакна Ангелов.

Вториот пожар е нов пожар што е забележан за време на утринско хеликоптерското извидување и се наоѓа во атарот на с. Калуѓерица во близина на магистралниот пат Радовиш – Струмица каде што е зафатена дабова шума и постои можност за проширување. Како што кажа Ангелов, овој пожар го гасат екипи од ТППЕ Радовиш со теренско ПП возило.

Третиот пожар што во текот на вчерашниот ден гореше во атарот на с. Требичино, во Општина Василево, Струмичко во текот на ноќта го намалил својот интезитет.

„Утрово чади на некои места, но нема активен оган“, рече Ангелов.

Во случај на потреба за дополнително воздушно гасење на пожарот, на располагање стои и Ер тракторот на Дирекцијата за заштита и спасување.

Прочитајте повеќе

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

На гласачките места во 14 казнено поправни установи своето гласачко право денеска ќе можат да …