Арсовска покажува неспособност, прекинува и изградба на два моста важни за скопјани

Изјава за медиуми, Гордан Шутаров, генерален секретар на СДММ и советник во Советот на Град Скопје

Почитувани,

Данела Арсовска првите два месеци од мандтот ги помина неработејќи ништо и нанесувајќи им штета на граѓаните на Град Скопје.

Арсовска покажува неспособност.

Сандалозно го поништи прокетот Бас рапид транзит за ефикасен и еколошки градски превоз.

На проектот се работеше цели три години со партнерите од Европската банка за обнова и развој.

Но уште поскандалозна е нејзината најава дека нема да ги гради двата нови моста, мостот на булевар АСНОМ и мостот на улица Љубљанска.

Мостот на АСНОМ веќе е во подмината фаза и се што требаше е Арсовска да ја продолжи неговата изгадба.

Мостот го олеснува и го намалува спобраќајот за цел Аеродром но и за Гази Баба.

Мостот на Љубљанска има целосен проект и средства обезбедени од Владата преку ТАВ програмата. Важен за граѓаните на Карпош но и за центар.

Ова е несериозно, политикантско однесување на Арсовска која прекинува три капитални проекти единствено заради лични каприци.

Градоначалничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Арсовска, покажува неспособност на штета на интересите на граѓаните, на штета на идниот развој на Град Скопје.

Два месеца таа единствено што прави е поништување и прекинување на проекти.

Прочитајте повеќе

Филипче до Николоски: Обиди се да сработиш нешто корисно за луѓето

Филипче до Николоски: Обиди се да сработиш нешто корисно за луѓето

Откако Александар Николоски го обвини Венко Филипче дека ја злоупотребува професијата лекар, Филипче му порача …