Бајден ѝ се обрати на нацијата во врска со низата масовни пукања во САД

Американскиот претседател Џо Бајден во синоќешното обраќање до нацијата побара од Конгресот мерки за спречување на масовни пукања, вклучително и зголемување на возраста за купување оружје за напад. „Видете, знам дека некои луѓе ќе речат „18-годишниците можат да служат во војска и да пукаат од такво оружје“, но тоа е со обука и надзор од најдобро обучените експерти во светот. Не ми кажувајте дека зголемувањето на возраста нема да направи разлика. Доста е“, рече Бајден за време на телевизиското обраќање по повод справувањето со оруженото насилство. Неговиот говор уследи по масовните пукања од висок профил во последните недели во Њујорк, Тексас и Оклахома.

Десетмина убиени во расно мотивирано пукање во градот Бафало во САД

Оружен напад во болница во Оклахома, пет мртви

Застапниците за безбедност на оружјето го притискаат Бајден сам да преземе посилни мерки за да го спречи оруженото насилство, но Белата куќа во голема мера ја префрли одговорноста на Конгресот кој би треба да усвои закони што ќе имаат поголемо влијание. Обраќањето на Бајден има за цел да изврши дополнителен притисок врз конгресмените да усвојат соодветни закони. Огромно мнозинство американски гласачи, и републиканци и демократи, се залагаат за посилни закони за контрола на оружјето, но републиканците во Конгресот и некои умерени демократи го блокираат таквото законодавство со години. Сенатот е поделен, со 50 демократи и 50 републиканци, а законот мора да има 60 гласа.

Извор: Радио Слободна Европа

Прочитајте повеќе

Повеќе од милион луѓе во 2023 година барале азил во Европа

Во бројките на Агенцијата за азил на Европската комисија не се вклучени 4,4 милиони Украинци …