Бајден

Бајден: Пристапот на Нетанјаху кон Газа е погрешен, Израел да повика на прекин на огнот

Коментарите на Бајден беа некои од неговите најсилни критики досега кон Нетанјаху, во период кога има тензии околу бројот на цивилни жртви од војната на Израел против Хамас и тешките услови во Газа

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека пристапот на премиерот Бенјамин Нетанјаху кон Газа е „погрешен“ и го предупреди Израел да повика на прекин на огнот, пренесува „Гардијан“.

Коментарите на Бајден беа некои од неговите најсилни критики досега кон Нетанјаху, во период кога има тензии околу бројот на цивилни жртви од војната на Израел против Хамас и тешките услови во Газа.

„Мислам дека тоа што го прави е грешка. Не се согласувам со неговиот пристап“, изјави Бајден за „Јунивижн“, американска ТВ мрежа на шпански јазик, на прашањето за начинот на кој Нетанјаху се справува со војната.

Бајден го искоментира како „безобразен“ нападот со израелско беспилотно летало минатата недела во кој загинаа седум хуманитарни работници од добротворна организација со седиште во САД.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Русија не ја уништи армијата на Украина

Русија не ја уништи армијата на Украина

Не е точно дека Русите ја уништиле украинската армија, таа уште ја брани територијата на …