Бектеши уште еднаш ја повика опозицијата да ги поддржи законските решенија за мерките за помош на стопанството

Бектеши уште еднаш ја повика опозицијата да ги поддржи законските решенија за мерките за помош на стопанството

Министерот за економија Крешник Бектеши, ја повика опозицијата да ги поддржи законските решенија од петтиот сет мерки на Владата, но и дел од законските решенија од четвртиот сет кој што беше донесен минатата година, а сѐ уште не се изгласани во Собранието.

„Во Собранието сѐ уште има недонесени закони за реализирање на четвртите пакет мерки. Четвртиот сет економски мерки ги даде своите резултати, но треба да се има предвид дека во Собранието уште стојат законски решенија кои се во Комисијата за финансии во делот на докапитализација на македонската банка за развој, но истовремено и во делот на новата мерка за воведување гаранција за извозно ориентираните компании и зголемување на капацитетот на Развојната банка за  бескаматни кредити за сите наши компании. Опозицијата ги толкува бројките како што сака. Ги повикувам да ги поддржат сите законски решенија. Ако не ги сакаат овие, нека понудат алтернативи, за да ги подобриме законските решенија, а не да блокираат“, рече Бектеши на денешната конференција „Нееднаквост во време на корона” , која ја организираше Фондацијата за демократија на Вестминстер (ВФД) и Здружението на истражување и анализи (ЗМАИ).

Според анализата на Здружението на истражување и анализи (ЗМАИ) мерките кои беа насочени кон зачувување на работните места дадода ефект.

Анализата покажува и дека државната помош е поделена сразмерно, зависно од големината на компаниите, иако тие покажуваат различна добивка зависно од регионот во кој се наоѓаат. Текстилната индустрија добила најголема поддршка, околу 11 отсто од вкупно проектираните средства, а ефективната поддршка е најголема кај продажбата на мало и големо. Четвртиот сет мерки има значително влијание врз структурата на помошта кај компаниите, па се претпоставува дека ќе има некакво влијание и врз распределбата на доходот.

Бектеши истакна дека анализата ќе помогне во креирање на мерки во иднина, сѐ со цел да се врати економијата повторно на здрави нозе.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Бесплатен влез во музејските институции за 18 Мај, Меѓународниот ден музеите

Бесплатен влез во музејските институции за 18 Мај, Меѓународниот ден музеите

„Музеи за едукација и истражување“ е мотото под кое утре ќе се одбележи Меѓународниот ден …