Бектеши за Сител ТВ: Со директна финансиска поддршка во вид на грантови ќе ги поддржиме угостителите

Бектеши за Сител ТВ: Со директна финансиска поддршка во вид на грантови ќе ги поддржиме угостителите

Ќе има директна финансиска поддршка во вид на грантови за угостителите кои по препорака на Комисијата за заразни болести се затворени, односно не примаат гости. Моделот по кој ќе бидат поддржани веќе е направен и по консултација со коморите и здуженијата за туризам и угостителство, следната недела мерките ќе бидат објавени, кажа министерот за економија Крешник Бектеши во гостувањето на централниот Дневник на Телевизија Сител.

„Веќе е направен моделот како ќе бидат поддржани угостителите, ќе се земат во предвид приходите остварени во првите три месеци годинава и согласно приходите кои што ги оствариле, еден дел од тие приходи ќе ги покрие државата во форма на директен грант за секој угостителски објект кој што е затворен. На почетокот на следната недела ќе бидат објавени мерките, согласно анализите и можностите во Буџетот ќе ги повикаме сите угостителски здруженија и комори ќе го утврдиме одреден процентот на финансиска поддршка“ кажа министерот Бектеши.

Тој ги повика работодавачите да не ги отпуштаат работниците, бидејќи ветената поддршка од државата ќе стигне.

“Очекуваме на почетокот на следната недела да се деблокира Собранието и да се донесат законите од Петтиот сет мерки, со кои што е предвидена исплата на плати за работниците за месеците февруари и март“ кажа Бектеши.

Министерот во гостувањето во дневникот на Сител кажа дека оптимист е за туристичката сезона годинава, најави дека поддршка за домашните туристички капацитети е предвидена и преку ваучерите за домашен туризам, мерка која неколку години се реализира во рамки на Министерството за економија, а во наредниот период ќе започне кампања за промоција на туристичките потенцијали на земјата.

Прочитајте повеќе

Филипче

Филипче одговори што ќе му е политика (ВИДЕО)

Д-р Венко Филипче во кратко видео објавено на неговата Фејсбук страница вели дека секогаш ќе …