Одлука за нови цени на нафтените деривати донесе Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕВУ).
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за половина денар за литар. Така, од ноќеска, литар 95-октански бензин ќе чини 85 денари, додека 98-ката ќе се продава за 87 денари за литар.
Од друга страна, поскапуваат дизел горивото и екстра-лесното масло за домаќинство. Литар ЕУРОДИЗЕЛ од вечерва ќе чини 79,5 денари, додека маслото за горење ќе се продава по цена од 79 денари за литар.
Поскапува и мазутот кој ќе чини 45,791 денари за килограм.