Бензинска станица

Бензините поевтинуваат за денар, дизелот за денар и пол

Од ноќеска цената на бензините се намалува за еден денар за литар, додека дизелот и екстра-лесното масло за домаќинство ќе се продаваат за денар и половина поевтино. Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕВУ) донесе одлука, со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,89 отсто, информираат од РКЕВУ.

Со најновото поевтинување, цената на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 95,50 денари за литар, додека Еуросупер БС-98 ќе се продава за 98 денари за литар. Од ноќеска еден литар Еуродизел БС на бензинските пумпи ќе може да се набави за 96 денари, додека екстра-лесното масло за домаќинство ќе чини 94,50 денари за литар. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,374 денари за килограм и ќе изнесува 52,840 ден/кг.

Прочитајте повеќе

земјотрес

Во Берово и Пехчево почуствуван земјотрес со јачина од 3,2 степени

Според досегашните податоци, земјотресот е почувствуван од жителите овие подрачја, а интензитетот се движи од …