Од вечерва малопродажните цени на горивата се намалуваат во просек за 2.93%.

Цените на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 се намалуват за еден денар по литар, и овие горива ќе чинат по 58.50, односно 60.50 денари за литар.

Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото се намалува за 1.50 денари за литар, па еден литар дизел гориво ќе чини 49.00 денари.