Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,22 отсто.
Бензините „еуросупер БС-95“, „еуросупер БС -98“ и екстра лесното масло за домаќинство од утре ќе поевтинат за денар и половина а „еуродизел“ за еден денар по литар.
Новата цена на „еуросупер БС-95“ ќе биде 71 денар, „еуросупер БС -98“ ќе се продава за 73, „еуродизел“ за 60 денари.