Бензинска станица

Бензините поскапуваат за еден, а дизелот за половина денар за литар

Регулаторна комисија за енергетика и водни ресурси донесе одлука за зголемување на цената на нафтените деривати во просек од 1,64 проценти.

Малопродажните цени на бензините „еуросупер БС-95“ и „еуросупер БС-98“, се зголемуваат за еден денар за литар. Со ова зголемување, цената на „еуросупер БС-95“ ќе изнесува 62 денари за литар, додека малопродажната цена на „еуросупер БС-98“ ќе изнесува 63,50 денари за литар.

Малопродажните цени на дизелот и на екстра-лесното масло за домаќинство се зголемуваат за половина денар и со тоа малопродажната цена на дизелот ќе изнесува 53,50 денари за литар, додека малопродажната цена на екстра-лесното масло за домаќинство 53 денари за литар.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Истражување: Еден семестар студентите на Економскиот факултет при УКИМ ги чини над 80.000 денари

Истражување: Еден семестар студентите на Економскиот факултет при УКИМ ги чини над 80.000 денари

Големо мнозинство од испитаниците (83,8%) рекле дека сметаат оти студентите не можат да ги си …