Горива

Бензинот поскапува, дизелот поевтинува

Од ноќеска на бензинските станици ќе се зголеми цената на бензинот Еуросупер БС-95 за 1,5 денари за литар, додека Еуросупер БС-98 ќе поскапи за два денара за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Цената на дизелот ќе се намали за половина денар. Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,62 отсто.

Малопродажната цена на бензинот Еуросупер БС-95 од ноќеска ќе изнесува 94 денари за литар, додека Еуросупер БС-98 ќе се продава за 96,5 денари. Малопродажната цена на Еуродизел (Д-Е V) ќе изнесува 98,5 денари за литар. Малопродажната цена, пак, на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менува и останува 93 денари за литар.

Со најновата одлука за 0,072 денари за килограм се намалува малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, кој сега ќе чини 49,995 денари.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 1,994 отсто, кај дизелот има намалување во просек за 0,558 отсто, кај екстра лесното масло има намалување во просек за 0,436 отсто и кај мазутот има намалување во просек за околу 0,165 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот е понизок за околу 0,578 отсто.

Прочитајте повеќе

Учениците во Македонија од понеделник за првпат на пролетен распуст

Учениците во Македонија од понеделник за првпат на пролетен распуст

Покрај пролетниот распуст кој годинава за првпат се воведе во македонското образование, има промена и …