Со добра стратегија за економска соработка во регионот, инвестиции во регионалната инфраструктура, развој на соработката и трговијата, можеме да постигнеме синергија и да го забрзаме економскиот растДа постигнеме просперитет и да се донесе Европа и европските вредности во регионот, истакна министерот за финансии Гатмир Бесими во интервју за  Euronews Albania.

Тој во интервјуто зборуваше за четвртиот пакет на мерки кој го донесе Владата и за очекуваните ефекти. Најави и грантови за компаниите кои се во сопственост или водени од жени, кои вработуваат млади лица или се извозно ориентирани. Со цел спроведување на холистички пристап, со новатата линија бескаматни кредити од 31 милион евра, ќе се доделува грант компонента од 30% од земениот кредит со средства од Европската унија на таргетирани категории засегнати од кризата, како компании кои се раководени или се во сопственост на жени претприемачи, кои вработуваат млади лица и кои се извозно ориентирани, вели во интеврјѕто министерот за финансии Бесими.

-Ова ќе ја зголеми конкурентноста и новиот дух во бизнисот. Всушност, ова се дел од мерките, финансиски ќе бидат поддржани компаниите кои останаа без работа, вработените кои ги изгубија своите работни места, студентите, но и семејствата на кои им е потребна помош – рече Бесими.

Тој посочи дека во четвртиот пакет антикризни мерки се заснива на три столба, првиот столб се однесува за граѓаните, нивниот здравствен и социјален аспект, вториот столб соднесува на претпријатијата и зачувување на работните места и третиот столб е поврзан со одржување на макрофинансиската стабилност. Пакетот е во износ од 470 милиони евра, од кои 170 милиони се директни фискални импликации.

Бесими најави дека до крајот на неделата ќе биде подготвен ребалансот на буџетот со кој ќе се финансираат дел од мерките.