Бласфемос

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра платформска игра Ghost and Goblins. Имено, копјето на витезот од Ghost and Goblins служи како инспирација за шлемот на главниот лик во Blasphemous познат по називот „Penitent One”. Мора да се предупреди дека станува збор за игра со „blood and gore”.

Овде може да го видите трејлерот:

Играта е изработена од шпанското студио „Тhe Game Kitchen”, но е објавена преку познатата фирма „Team 17” што се прослави со „Worms Armageddon” серијалот. Овојпат истата фирма направи игра која може да ви предизвика чувство на носталгија поради тоа што изгледа како ретро игра, иако сепак задржува модерен стил. Сите знаеме за тенденцијата на видео игрите да се прават полесни од порано, но тоа овде не е случај. Играта е со тешкотија на Souls игра.

Главната нагласеност е во борба, односно во битките со меч и магија. Овде ќе видите сосема нов тип на непријатели. Главните непријатели во играта се изопачени и грди верзии на негативци, во стилот на Dark Souls – чудовишта што се како нешто излезено од хорор фантазијата на Лавкрафт.

Има и загатки со скокање и избегнување, со кои отклучувате надградби, на пример да имате повеќе здравје или енергија. Магиите во играта се со подолги анимации до тој степен што удирањето со меч е попрактично и иако не се користи често бидејќи се губат драгоцени секунди, секогаш кога ќе загинете ви се намалува ресурсот за правење магии. Треба да избегнувате проектили или удари или „огнени столбови” и „боцки на џиновски опашки”.

Има и втор дел од оваа игра, Blasphemous 2, а ова е трејлерот:

И двата дела од оваа игра имаат одлична оценка на Steam од играчите ширум светот. Вториот дел е 30 евра. Ако ви се допадне играњето на демото од првиот дел: Blasphemous моментално се продава на 75 отсто попуст и чини околу 6 евра до 29 април, а потоа се враќа на регуларна цена од 25 евра. Овој серијал е сеуште во подем и полека но сигурно им конкурира на игрите Hades и Ori. За други предлози за платформски игри од претходни написи може да прочитате овде.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

deepfake

Deepfake – лажни видеа направени со вештачка интелигенција за кои треба да бидеме загрижени

Мислите дека го гледате претседателот на Украина Володимир Зеленски како зборува и им кажува на …