Битола: Продолжува санацијата на патот кон Бистрица
SONY DSC

Битола: Продолжува санацијата на патот кон Бистрица

Поволните временски услови ја продолжуваат градежната сезона во Општина Битола. Деновиве активно се работи на нови 4 километри од  патниот правец кон селото Бистрица. Со средства од Јавното претпријатие за државни патишта во вредност од 13 милиони денари, Македонија пат ги изведува инфраструктурните активности во и околу селото Бистрица.

„Блaгодарение на лобирањето кон централната власт, меѓутоа и дослухот на истата, се наоѓаме на потегот Битола-Бистрица, каде што се изведуваат активности од 13 милиони денари на санирање на патот, нешто што не се правело во изминатите 30 години и што потврдува дека како што ја започнавме, така и ја завршуваме годината. Во моментов активностите се изведуваат во опфатот од под селото Буково до крајот на селото Бистрица. Како ќе дозволат временските услови, ќе се работи и на потегот кон селото Драгош. Доколку не се стигне со реализација и до Драгош во оваа градежна сезона, истата ќе бизе завршена во пролетните месеци од наредната градежна сезона“, рече градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска.

Новиот асфалт на патниот правец ќе обезбеди надополнување на санацијата која започна во месец април годинава и опфати дел од патот од излезот на Битола кон селото Бистрица.  Исто така, од страна на екипите на Македонија пат се санираа и неколку поважни улици во селото Бистрица. На патниот правец Битола-Драгош кон границата со Грција, гравитираат неколку потпелистерски села, чии жители фреквеквентно и постојано го користат овој патен правец, со чија реализација се обезбедува и поголема сигурност во сообраќајот.

Прочитајте повеќе

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Од ОБСЕ/ОДИХР велат дека гласачите имале простор за избор, но реториката станала многу негативна како …