Битолчанецот кој се закани дека ќе ги убие Јовески и Рускоска е уапсен

Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека е уапсен 56-годишниот С.З. од Битола, којшто ги испратил заканите по живот кон обвинителите Љубомир Јовески и Вилма Русковска. Веднаш му е поднесена и кривична пријава, од страна на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР.

Според полициското соопштение, пријавениот С.З. на 11 декември лани преку подружницата во Прилеп на АД Пошта на Северна Македонија,, испратил едно писмо со заканувачка содржина до една амбасада во Скопје, а на 20 и 22 декември, исто така во поштата во Прилеп испратил писма со закани за убиство на првиот човек на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО- ГОКК), Вилма Рускоска.

Исто така, на 17 јануари годинава, преку поштата во Битола, пријавениот испратил писмо со смртна закана на главниот јавен обвинител, Љубомир Јовески.

„Како испраќач на сите писма пријавениот навел лица со невистинити генералии. Веднаш по добиените пријави, полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и СВР Битола, во соработка со Агенцијата за национална безбедност преземаа мерки и активности за расчистување на случајот“, соопшти МВР.

На 21 јануари биле извршени претреси во домот на осомничениот и во домот на неговата мајка, при што се пронајдени и одземени мобилен телефон, лаптоп и предмети поврзани со кривичното дело.

„С.З. е лишен од слобода и во ПС ОН Битола е извршен разговор со него, а по извршено графолошко вештачење од страна на ОКТИВ утврдено е совпаѓање на обезбедениот рачен ракопис од Зика и рачниот ракопис во напишаните заканувачки писма“, соопшти МВР.

Инаку, јавниот обвинител Љубомир Јовески на 26 јануари ја доби заканата по неговиот живот преку препорачана пратка испратена на 17 јануари годинава, информираа од Основното јавно обвинителство (ОЈО) на 27 јануари.

„Само го чекаме тој точен момент за да ви го одземеме животот. Постапете веднаш ако вашата желба е да останете живи. Ние сме терористичка организација која се бори и убива за неправди и исто така сме подготвени да гинеме за неа“, беше наведено во заканувачките писма што ги доби обвинителот.

Прочитајте повеќе

воз возови

Нова помош од 2,5 милиони евра за Македонски железници за исплата на плати

Ова е втора одлука за доделување средства на МЖ Транспорт за да си ги расчисти …