Блинкен честиташе независност на Северна Македонија и вети поддршка на патот кон ЕУ

Блинкен честиташе независност на Северна Македонија и вети поддршка на патот кон ЕУ

Северна Македонија направи голем напредок кон европската интеграција со отворањето на преговорите за пристап во Европската Унија оваа година, рече државниот секретар на САД Ентони Блинкен, честитајќи ѝ на државата 31 година независност.

„Единството во Европа и стремежот кон нашите демократски вредности се поважни сега од кога било. САД ќе продолжат да го поддржуваат нашиот сојузник, Северна Македонија на нејзиниот европски пат во годините што следат. Нашите земји споделуваат демократски вредности и посветеност на човековите права кои стојат цврсти пред глобалните предизвици“, рече Блинкен.

То додаде дека „САД ќе продолжат да стојат со вас додека правите големи чекори кон зголемување на просперитетот на сите ваши граѓани, подобрување на владеењето на правото и зајакнување на вашите демократски институции“.

Извор: Глас на Америка

Прочитајте повеќе

Полиција пред средното училиште „Јосип Броз Тито“ во Скопје за време на антитерористичките проверки по анонимната дојава за бомба, 26.10.2022 | Фото: Мета.мк

Меѓуресорска група ќе ги брани училиштата од сајбер напади

Наставниците и другите вработени во училиштата, за комуникација да ги користат исклучиво службените електронски адреси …