Блокирани сметките на 79.811 граѓани и 28.352 фирми, благо намалување од претходно

Дури 108.163 граѓани и фирми заклучно со септември, минатата година имале блокирани сметки во банките, покажуваат податоците на Народната банка. Од вкупната бројка, 79.811 се физички лица, а 28.352 се правни лица.

Иако во текот на 2018 година има благо намалување на бројот на блокирани граѓани и фирми, забележливо е дека од 2015 година наваму односно веќе трета година по ред бројката на блокирани не паднала под 100.000 депоненти.

Според последните податоци, во банките има околу 1,7 милиони депоненти од кои 1,6 милиони се физички лица, а 114.943 се правни лица.

Прочитајте повеќе

Одбележана 4-годишнината од членството на Северна Македонија во НАТО (Видео)

Во Министерството за одбрана, денеска со свечена церемонија на која се обратија првиот вицепремиер за …