Бочварски на средба со жителите на кавадаречко Мрежичко и Рожден, заврши првата фаза од рехабилитацијата на регионалниот пат

Бочварски на средба со жителите на кавадаречко Мрежичко и Рожден, заврши првата фаза од рехабилитацијата на регионалниот пат

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, заедно со директорите на ЈП за државни патишта, Ејуп Рустеми, на ЈП за одржување на магистрални и регионални патишта, Костадин Ацевски, придружувани од пратениците од Кавадарци, Панчо Минов и Даниела Колева ги посетија Мрежичко и Рожден, каде заврши рехабилитацијата на дел од регионалниот пат кој ги поврзува овие населени места.

Градежните работи од првата фаза на рехабилитацијата на регионалниот пат од Мрежичко кон Рожден ги изврши ЈП за одржување на магистрални и регионални патишта.

На средба со локалното население, министерот Бочварски потврди дека и наредната година ќе се обезбедат средства за продолжување на рехабилитацијата на овој регионален пат, а жителите се заблагодарија за поддршката, бидејќи со овој проект се решава едно повеќегодишно барање на локалното население од овој регион.

„Тоа што го ветивме заедно со директорите Рустеми и Ацевски, денеска е исполнето. Ме радува што ве гледам во толкав број, нашето присуство денеска тука заедно и со пратениците од Кавадарци е само потврда на нашите цврсти заложби и уште еден доказ дека за нас зборот што го даваме на жителите е врвен приоритет. Свесен сум од колкаво значење е овој патен правец за вас, затоа пристапивме со негова брза реализација. Минатата година го рехабилитиравме и патот кон населеното место Мушов Гроб, со што сметам дека со овие нови патни правци значително ја подобривме безбедноста за патување и го олеснивме вашето секојдневно функционирање. Благодарам за убавиот пречек и посакувам да се гледаме и во наредни прилики за вака убави работи.“ – истакна министерот Бочварски пред присутните граѓани.

Дополнително, општина Кавадарци добива силна поддршка од централната власт, каде досега се реализираа реконструкции на повеќе локални улици во градот, а во делот на комуналната инфрастурктура се реализираше многу значаен проект вреден повеќе од 2 милиони евра, со кој се изврши реконструкција на фекална и атмосферска канализација на повеќе улици во Кавадарци.

Министерството за транспорт и врски продолжува со силната градежна офанзива низ целата земја, изградбата и модернизацијата на целокупната патна инфраструктура останува примарен фокус и оваа градежна сезона.

Прочитајте повеќе

Костадиновска-Стојчевска: „Правината се танчи, ама не се кинит“ - нов мурал во Прилеп во рамки на “Цртај на македонски”

Костадиновска-Стојчевска: „Правината се танчи, ама не се кинит“ – нов мурал во Прилеп во рамки на “Цртај на македонски”

Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, денеска на промоцијата на новиот мурал на Центарот за култура …