Богата уметничка програма на годинешното издание „Десет дена Крушевска Република“

Богата уметничка програма на годинешното издание „Десет дена Крушевска Република“

Годинешната манифестација „Десет дена Крушевска Република“ ќе биде отворена на први август во 20 часот, на платото пред споменикот „Илинден“, со настап на Македонска филхармонија и Македонска опера и балет. На отворањето ќе настапат и Тамара Тодевска, Наде Талеска, Виктор Апостоловски и Викторија Лоба.

„Годинава, на манифестацијата НКС ‘Десет дена Крушевска Република’ ќе ја имаме досега најбогатата програма. Покрај настапот на плејада македонски артисти и уметници, ќе имаме програма за деца, изложба на Зоран Кардула, настап на Дац и Александар, проекција на македонски филмови и други настани“, велат организаторите.

Секако дека еден од настаните кој привлекува најголемо внимание, е изложбата на илустрации инспирирани од серијалот Star Wars, насловена како Star Wars & Makedonium, на уметникот Зоран Кардула, која ќе се одржи на 4 август во споменикот „Илинден“.

Прочитајте повеќе

Талат Џафери: Има обиди за изборен инжинеринг

Талат Џафери: Има обиди за изборен инжинеринг

Имам добиено извештаи од учесниците во изборниот процес за вознемирување во однос на обиди за …