Болниците во Кина преплавени со нови случаи на ковид-19

Болниците во Кина преплавени со нови случаи на ковид-19

Во повеќе од три децении што ги минал на болнички оддели за итни интервенции, досега не забележал толку голема навалица, вели Хауард Бернстајн, лекар во една приватна болница во Пекинг.

Во болницата каде што работи постојано доаѓаат сѐ повеќе и пациенти, најголемиот дел од нив постари, а многумина се со влошена состојба, со симптоми на ковид-19 и пневмонија, известува Ројтерс.

Новинската агенција потсетува дека кажаното од странскиот лекар се совпаѓа со сведоштва на медицински лица низ цела Кина, коишто се обидуваат да го навјасаат напливот на нови случаи на ковид-19, до кои дојде откако месецов Кина по бран протести, ги олабави дотогаш строгите анти-ковид мерки.

Според Ројтерс, ова е најголемиот епидемиски бран уште од почетокот на пандемијата во градот Вухан пред три години.

Како што објаснува Бернстајн, Beijing United Family Hospital сега е преполнета, бидејќи голем дел од пациентите што дошле за преглед, требало да бидат хоспитализирани. Тој, пак вели, дека ако претходно воопшто не прегледал пациент со ковид-19, во последниов месец има десетици такви пациенти секој ден.

Соња Жутард – Боро, главен лекар на приватната болница „Рафлс“ во Пекинг, вели дека сега бројките се 5-6 пати повисоки од нормално, а за само една седмица просечната возраст на пациентите се зголемила за 40 години, односно на просечна возраст од 70 години и повеќе.

„Секогаш е истиот профил…. Најголемиот дел од пациентите не биле вакцинирани“, вели таа.

Пациентите доаѓаат во Рафлс бидејќи локалните болници се преполнети, но исто така и поради тоа што сакаат да купат Паксловид, терапија за ковид произведена од Фајзер, која станува дефицитарна.

„Тие го сакаат лекарството како замена на вакцината, но лекарството не ја заменува вакцината“, објаснува Жутард-Боро за Ројтерс.

Во други болници во Кина, според сведоштвата на медицински персонал со кој новинарот на Ројтерс разговарал, залихите се пред исцрпување бидејќи нивоата на ковид-19 се многу високи. Медицинска сестра од западниот град Сјиан рекла дека 45 од 51 медицински техничар на нејзиниот оддел и сите ангажирани во одделот за итни третмани се заразиле со вирусот. Нејзе и на нејзините колеги им било кажано да дојдат на работа дури и ако се позитивни на вирусот и имаат мала температура.

Според проценките на британската фирма за обработка на податоци „Ерфинити“, во Кина секој ден од ковид-19 умираат повеќе од 5.000 лица, иако Кина нема пријавени смртни случаи во целата изминатата седмица.

Кина го стесни описот за смрт од ковид-19 само на оние случаи што имале пневмонија или откажување на органите за дишење, што ги зачуди здравствените експерти низ светот, пишува Ројтерс.

Прочитајте повеќе

Над 1.000 луѓе починале за време на аџилакот во Саудиска Арабија

Над 1.000 луѓе починале за време на аџилакот во Саудиска Арабија

Повеќе од 1.000 луѓе починале за време на годинешниот аџилак во Саудиска Арабија поради екстремните …