Бруталиск

„Бруталиск“ им нуди на младите да учат како да продуцираат електронска музика и хип-хоп

Kултурниот центар „Бруталиск“, во соработка со „Арт Бригада“ и познати диџеи и музички педагози, ова лето на младите во Скопје им нудат можност низ забава да учат за клабингот и диџеите, да користат диџеј опрема и софтвер и да научат да изведуваат и продуцираат електронска музика и хип-хоп.

Како што информираат оттаму, школата за диџејство има за цел младите да се стекнат со практично знаење за диџејството преку интерактивна, практична настава и сеопфатен пристап кон разработка на предвидените теми.

„Наставата конципирана е во 10 работни средби во временски период од две недели, со фиксен термин од 14 до 17 часот секој работен ден. Една работна средба трае три часа со предвивена една пауза од 30 минути. Часот е организиран така што освен теоретското предавање на содржините предвидени во курикулумот, предвидува и практично работење и вежбање на добиените знаења и вештини поврзани со диџејството“, информираат во „Бруталиск“.

На крајот од школата на 1 септември ќе се одржи вечерен настан во „Бруталиск“, на кој учесниците пред публика ќе ги покажат стекнатите вештини.

Регистрации и прашања може да се постават на radiograd.sk@gmail.com. Бројот на местата е ограничен на 15 млади лица.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Вебинар онлајн

Порано само читавме онлајн, сега животот го мигрираме онлајн

Правете бекап на дигиталните податоци, бидејќи ако чувате сè на лаптоп и ако случајно се …