Бугарија го ратификуваше Протоколот за членство на Македонија во НАТО

Бугарија го ратификуваше Протоколот за членство на Македонија во НАТО

Народното собрание на Република Бугарија утрово со 140 гласа „за“ и без воздржани и против го ратификуваше Протоколот за членство на Република Северна Македонија во НАТО.

На седницата присуствуваа претседателот на македонското собрание, Талат Џафери и вицепремиерката и министерка за надворешни работи на Бугарија Екатераина Захариева која рече дека политика на проширување на НАТО се смета за еден од најуспешните инструменти за просперитет.

– Бугарија е постојан поддржувач за влезот на Северна Македонија во НАТО. Бугарија го прифати ангажманот да работи на забрзување на процесот за евроатлантска интеграција на земјата, како и за внатрешни реформи, и за стабилизирање на регионот. Членството во НАТО одбележува нова етапа во односите меѓу двете држави – рече Захариева.

На седницата не присуствуваа пратениците на опозициксата Бугарска социјалистичка партија кои неколку дена го бојкотираат Парламентот поради измените на Изборниот законик.

Џафери пред пленарната седница се сретна со неговата бугарска колешка Цвета Карајанчева на која и изразил благодарност за напорите и поддршката која Софија ја укажува за европските и евроатланстите интеграции.

Протоколот за членство во НАТО прва го ратификуваше Грција, а досега тоа го направија и Словенија и Албанија.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

На гласачките места во 14 казнено поправни установи своето гласачко право денеска ќе можат да …