Цариниците в петок на протест, размислуваат и за затворање на границите

Цариниците в петок на протест, размислуваат и за затворање на границите

Претседателот на Синдикатот на УПОЗ рече дека очекуваат прием кај новиот директор на Царинската управа за да видат дали тој ќе ги сослуша нивните барања, кои не се нови и од кои тие не се откажуваат

Предупредувачки протест на вработените во Царинската управа, денеска најави Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани на Република Македонија (УПОЗ). Причина за протестот, како што велат, е тоа што цариниците со години наназад не добивале исплата на додаток од 30 отсто на платата, за што тврдат дека им следува согласно закон и Колективниот договор.

„Видовме дека министерот за финансии си обезбеди 30 проценти покачување на плати во МФ и во други институции, меѓутоа иако вработените во Царина имаат право на овој додаток, никогаш не го добивале“, рече на денешната прес-конференција претседателот на Синдикатот на УПОЗ, Трпе Деаноски.

Тој нагласи дека, доколку нема слух за нивното барање, протестите ќе се радикализираат, а рече дека се размислува и за затворање на гранични промени.

Претседателот на Синдикатот на УПОЗ рече и дека очекуваат прием кај новиот директор на Царинската управа за да видат дали тој ќе ги сослуша нивните барања, кои не се нови и од кои тие не се откажуваат.

Протестот на цариниците, предупреди Деаноски, е прв во низата протести што ќе следуваат во наредниот период и во други институции, со што, како што рече, ќе се реализира најавуваното жешко синдикално лето.

Прочитајте повеќе

„Гордата Гордана“ не можела да му се спротивстави на Мицкоски

„Гордата Гордана“ не можела да му се спротивстави на Мицкоски

Сиљановска-Давкова е претседателски кандидат, а за неколку дена ќе се знае дали ќе биде идниот …