Чест ми е да бидам покрај вас, му рече Бајден на Зеленски пред средбата во Белата куќа

Чест ми е да бидам покрај вас, му рече Бајден на Зеленски пред средбата во Белата куќа

Украинскиот претседател Володимир Зеленски им се заблагодари на претседателот Џо Бајден, на американските законодавци и на „обичниот народ“ на Америка за нивната поддршка за Украина, при посетата на Белата куќа денес.

Бајден му рече на Зеленски дека Украинците „го инспирираат светот“, пред двајцата лидери да ја почнат средбата во Овалната соба, што беше прво познато патување на Зеленски надвор од државата откако Русија ја нападна во февруари.

Во кусите изјави пред новинарите, Бајден му рече на Зеленски дека му е „чест да се биде покрај вас“ и вети континуирана финансиска, воена и хуманитарна помош за Украина. Бајден, исто така, предупреди дека Русија „се обидува да ја искористи зимата како оружје“ во војната.

Зеленски рече дека сакал да ги посети САД порано, но истакна дека војната не е завршена и оти неговата земја се соочува со многу предизвици во борбата со Русија.

„Претседателот Бајден го покани претседателот на Украина Володимир Зеленски да го посети Вашингтон за да ја нагласи трајната посветеност на САД кон Украина. Претседателот Бајден со нетрпение очекува да го пречека претседателот Зеленски во Белата куќа, по што претседателот Зеленски ќе се обрати на заедничката седница на Конгресот, покажувајќи ја силната, двопартиска поддршка за Украина“, соопшти пред посетата Белата куќа.

Пред 300 дена, Русија започна брутален напад врз Украина. Како одговор, претседателот Бајден ги предводи државите во светот да го поддржат народот на Украина додека го брани својот суверенитет и територијален интегритет.

„За време на посетата, претседателот Бајден ќе објави значаен нов пакет безбедносна помош за да ѝ помогне на Украина да се одбрани од руската агресија“.

Белата куќа нагласи дека посетата ќе ја нагласи цврстата посветеност на САД за поддршка на Украина колку што е потребно, вклучително и преку обезбедување на економска, хуманитарна и воена помош.

Извор: Глас на Америка

Прочитајте повеќе

Ковачевски: Преголема моќ кај десничарска партија како ВМРО-ДПМНЕ значи крај на нашите ЕУ перспективи

Ковачевски: Преголема моќ кај десничарска партија како ВМРО-ДПМНЕ значи крај на нашите ЕУ перспективи

Ако десничарска партија како ВМРО ДПМНЕ добие преголема моќ, тоа ќе стави крај на нашите …