Честитка од Пендаровски до верниците кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот календар

Честитка од Пендаровски до верниците кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот календар

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и епарх струмичко-скопски, и до сите христијански верници кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот календар.

Во честитката претседателот Пендаровски истакна: 

„Најискрено посакувам празникот на Христовото воскреснување да донесе мир, хармонија, радост и неизмерна љубов.  Верувам дека празникот на светлината ќе ги отвори нашите срца и ќе ги зацврсти нашата вера и духовност, инспирирајќи нè на благородни дела.

Годинава, за жал, празникот ќе го дочекаме во поинаква атмосфера, обременети со заканата од КОВИД-19 што налага и промена на нашите навики, однесување и дејствување. Затоа токму сега најмногу ни е потребна верба, храброст и доверба.  А има ли поголема духовна поткрепа и надеж од Христовата победа над смртта, да истраеме и сплотени да излеземе како победници. Затоа светлината на Велигден нека ни дава сила и верба во искушенијата што ни претстојат.

Нека е за многу години големиот празник!“

Прочитајте повеќе

Велибор Џаровски – Џаро

Почина Велибор Џаровски – Џаро

Еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија почина на 75 години, по кусо …