Честитка од претседателот Пендаровски по повод христијанскиот празник Богојавление – Водици

Честитка од претседателот Пендаровски по повод христијанскиот празник Богојавление – Водици

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Богојавление – Водици, упати честитка до сите граѓани коишто го прославуваат празникот според јулијанскиот календар и до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, митрополит скопски, архиепископ охридски и македонски и на Јустинијана Прима, г. г. Стефан.

Почитувани сограѓани,

Имам особено задоволство и чест да ви го честитам големиот христијански празник Богојавление – Водици и најтопло да ви посакам празникот да го поминете пред сѐ во добро здравје, исполнети со мир, хармонија и со радост.

И годинава како и минатата, Богојавление – Водици го празнуваме соочени со сѐ уште присутната епидемија на КОВИД-19, како и со бројни економски и општествени предизвици. Нека осветувањето на македонските води  биде наша духовна поткрепа во надминувањето на сите тешкотии. Со смирение и со молитва, солидарни и грижливи да се издигнеме над сите неволји и проблеми. Да ги наполниме срцата со надеж и со верба и да даруваме безусловна љубов на ближните.

Нека ни е честит и вековит празникот Богојавление – Водици!

Бог се јави!

Прочитајте повеќе

РКЕ разгледува нов модел за евтина тарифа на струјата

РКЕ разгледува нов модел за евтина тарифа на струјата

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) подготвува анализа на постојниот моделна блок-тарифи и евтината тарифа за …