Честитки од премиерот Спасовски до премиерот Санчез и до канцеларот Курц за повторните избори на функциите

Честитки од премиерот Спасовски до премиерот Санчез и до канцеларот Курц за повторните избори на функциите

Претседателот на Владата, Оливер Спасовски, испрати писма со честитки до Себастијан Курц за повторниот избор на функцијата сојузен канцелар на Република Австрија, како и до Педро Санчез за повторниот избор за премиер на Кралството Шпанија.

Во честитките, премиерот Спасовски им посака на канцеларот Курц и на премиерот Санчез успеси во нивните натамошни професионални ангажмани и го нагласи значењето на добрите односи на нашата држава со Австрија и со Шпанија.

Премиерот Спасовски, во честитката до премиерот Санчез понатаму наведе:

„Изразувам благодарност за поддршката којашто Шпанија целосно и континуирано ѝ ја дава на Република Северна Македонија на патот на европската и евроатлантска интеграција. Уверен сум дека претстојната засилена соработка во рамките на НАТО, во улога на формални сојузници и партнери во Алијансата, ќе придонесе за зацврстувањето на безбедноста и стабилноста како на нашиот регион така и на Европа. Верувам дека со заемни залагања и ангажмани, во претстојниот период, ќе придонесеме и кон натамошно јакнење на нашето пријателство и соработка“.

Во честитката до канцеларот Курц, премиерот Спасовски напиша:

„Изразувам подготвеност за натамошна соработка со цел дополнително унапредување на билатералните односи меѓу нашите две земји, во духот на пријателството и меѓусебното разбирање. Ја искажувам нашата благодарност за досегашната цврста поддршка од Австрија на патот на интеграцијата на Република Северна Македонија во Европската унија, со надеж дека соработката на овој план и во иднина ќе продолжи со несмален интензитет, како и досега“.

Прочитајте повеќе

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

На гласачките места во 14 казнено поправни установи своето гласачко право денеска ќе можат да …