ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

На гласачките места во 14 казнено поправни установи своето гласачко право денеска ќе можат да го остварат 2.147 гласачи. Сите гласачки места во казнено поправните установи се отворени утрово во 7 часот и гласањето таму ќе трае до 19 часот. До овој момент гласањето тече без проблеми, соопшти Државната изборна комисија ДИК).

Со право на глас на овие избори во Избирачкиот список се запишани вкупно 1.814.317 гласачи. Денес, 2.569 гласачи своето право на глас ќе можат да го остварат во 31 гласачко место во ДКП каде што се пријавиле да гласаат, а чии што пријави се прифатени од страна на Државната изборна комисија.

„Во текот на денешниот ден своето гласачко право во единствениот центар за внатрешно раселени лица ќе можат да го остварат и двајца гласачи кои се водат како внатрешно раселени. Во текот на денешниот ден избирачките одбори ќе го спроведат гласањето на лица кои се болни или немоќни, а до општинските изборни комисии доставиле известувања со соодветна документација. Во своите домови гласачкото право ќе го остварат 6.935 граѓани кои се пријавиле како болни или немоќни“, наведено е во соопштението на ДИК.

Денеска, исто така и 534 гласачи кои се сместени во 20 центри за вонсемејна грижа ќе имаат можност да го остварат своето право на глас во центарот во кој се сместени.

„Постои изразен интерес и за набљудување на овие избори од страна на домашни, странски и меѓународни организации и медиуми. ДИК досега издаде акредитации за набљудување на 342 домашни, 517 странски и меѓународни набљудувачи, 51 преведувач и 32 странски новинари. На сите граѓани на располагање им се и интернет страницата на ДИК www.sec.mk“, наведуваат оттаму.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Меѓународниот кривичен суд побара апсење на Бенјамин Нетанјаху и лидерот на Хамас

Меѓународниот кривичен суд побара апсење на Бенјамин Нетанјаху и лидерот на Хамас

Меѓународниот кривичен суд ги обвинува лидерите на Израел и Хамас за воени злосторства и злосторства …