Филипче: Земјоделците најмногу добиваат од членството во ЕУ

Филипче: Земјоделците најмногу добиваат од членството во ЕУ

Кандидатот за пратеник на СДСМ и Коалицијата за европска иднина, д-р Венко Филипче, денеска е на теренска посета во Кавадарци во рамки на својата агенда како носител на листата во Изборна единица 4.

Во овој лозарски регион, тој се сретна со многу лозари и сопственици на мали винарии со кои разговараше за нивните лични бизнис приказни и за можностите кои тие ги имаат за извоз на своето вино надвор од државата, но се осврна и на сликата за земјоделците пред значителната поддршка која ја обезбеди Владата преку ИПАРД фондовите.

„Изминативе 7 години, Владата стави крај на земјоделските протести, ги слушаше барањата на сите земјоделци и не дозволивме какви било поделби, туку помагавме подеднакво на сите. Нема повеќе истурено млеко по улиците како револт на млекопроизводителите, запален тутун поради понижувачки откупни цени, неоткупено вино и грозје“, рече Филипче во Кавадарци.

Во изјава за медиумите, тој потсети на зголемувањето на субвенциите и севкупното реоформување на секторот со помош на фондовите од ЕУ, односно од почетни 100 милиони евра субвенции, сега зборуваме за милијарди евра земјоделски субвенции, рече Филипче.

„Сите тие средства им беа ставени на располагање на земјоделците. Преку ИПАРД програмите европски неповратни средства се искористени за развој на земјоделството. Нашата држава е прва во регионот која ја започна ИПАРД 3 програмата и тоа со 63% повеќе пари. Сите тие средства се насочени кон модернизација на македонското земјоделство“, порача носителот на листа во ИЕ 4, д-р Венко Филипче.

На крајот тој упати порака да не чекаме и да продолжиме по вистинскиот пат на иднината, односно членството во Европската унија бидејќи токму тоа значи најголем бенефит за граѓаните.

„Над 1 милијарда и 100 милиони евра само за развојот на руралниот туризам, за нови инвестиции, модернизација, за вкусот на Македонија да се најде на европските трпези“, заклучи Филипче.

Инаку во рамки на својата денешна агенда, д-р Филипче покрај средби со лозарите и малите винарии, направи увид и во градежните активности на затворениот базен во Кавадарци во кој инвестираше Владата, а предвидени се средби и со образовни асистенти за деца со попреченост, како и пациенти.

Прочитајте повеќе

Ковачевски: Oва е последниот повик за Европа, ние не се откажуваме (Видео)

Ковачевски: Oва е последниот повик за Европа, ние не се откажуваме (Видео)

Со испраќање на порака за здружување на силите на патот кон Европската Унија, Социјалдемократскиот Сојуз …