Д-р Таше Трпчевски: Поради здравјето на вработените и пациентите, болницата „Плодност“ нема да работи до 13 април

Д-р Таше Трпчевски: Поради здравјето на вработените и пациентите, болницата „Плодност“ нема да работи до 13 април

Обраќање на прим.д-р Таше Трпчевски, директор на болницата „Плодност“ од Битола, по однос на заболениот доктор и преземените чекори во болницата:
Почитувани,

Како што веќе знаете, еден од нашите доктори е носител на корона вирусот и за таа цел е ова обраќање до медиумите, за да не се продолжува со шпекулации и ширење невистини.

Д-р Христијан Трпчевски во изминатиот подолг периот не го напуштил градот, по што следува заклучок дека го добил вирусот од некој пациент, иако од првиот ден на алармирањето за корона вирусот, болницата ја зголеми хигиенската постапка.

Неговата совесност и како родител и како доктор, го натера да направи дури два тестови. Од првиот беше негативен, а по неколку дена позитивен на КОВИД 19. Тој е во одлична здравствена состојба.

Веднаш, како што носи редот, ги известивме сите надлежни институции, а најбиските на д-р Христијан се во самоизолација. Тоа се случува и со голем дел од персоналот.

По увидот на терен и по сите процедури, болницата има дозвола да продолжи со работа. Ние имаме и втор, резервен тим на доктори и медицински сестри, кои веднаш би можеле да ја заменат првата постава на медицинските лица.

Но сепак, во името на разумот, на одговорноста која ја носиме и пред се’ поради здравјето на сите нас, нашите вработени, нашите пациенти, одлучивме болницата да биде затворена и воопшто да не работи до 13 април. Дотогаш, сите во самоизолација ќе поминат период од 15 деНа, а во болницата ќе биде направено ново дезинфицирање.

Ова е само уште една потврда дека докторите, кои се во служба на своите пациенти, во овој период се едни од најизложените на корона вирусот.

Ви посакуваме добро здравје, останете безбедни во своите домови, а болницата, заедно со медицинскиот персонал, по извесен период, повторно ќе биде во функција на нашите пациенти. Ви благодариме на поддршката која што ни ја дадовте во текот на вчерашниот ден и на разбирањето кое го покажавте. И како вели д-р Христијан Трпчевски, да сте ми живи и здрави, за на век.

Прим.д-р Таше Трпчевски

Прочитајте повеќе

Да се скратат часовите поради топлото време, препорачува МОН

Да се скратат часовите поради топлото време, препорачува МОН

Одлуката на надлежните следува откако родители реагираа на социјалните мрежи и негодуваа децата да бидат …