Даниловски: Во зелена зона сме, но во август влегуваме во прво ниво на ризици од ковид-19

Даниловски: Во зелена зона сме, но во август влегуваме во прво ниво на ризици од ковид-19

Цел јули имаме експоненцијално ширење на бројот на ковид-случаи и тоа зборува дека имаме тренд на постепен пораст. Бранот на некој начин се наговестува дека почнува зашто четиринаесетдневната инциденца на 100.000 жители е 13. Иако сме во зелена зона, во средината на август ќе влеземе во прво ниво на ризици, предупредува епидемиологот проф. д-р Драган Даниловски.

– Во моментов имаме локално ширење во некои општини, и за да остане такво, односно за да не се случи цунами, треба да се идентификуваат сите контакти на заразените – вели професорот Даниловски.

Иако прво се мислеше дека делта сојот не дава потешка клиничка слика, сепак се покажа дека тоа е заблуда, појаснува тој. Според него, фер е и логично е да се довакцинираат луѓето над 50 годишна возраст, па потоа да им се понуди на родителите да си ги вакцинираат децата.

– Општиот интерес, јавното здравје е примарно и е над индивидуалните права. И државата има право да потегне разни принудни мерки за да го сочува тоа јавно здравје. Не смее да се дозволи да се преполнат пак болниците и да почнат пак масовно да умираат луѓе. Ако невакцинираните немаат свест дека токму тие ќе бидат најризични, тогаш државата, ќе мора да ги штити од самите нив. Рестрикции да има само ако се загрози капацитетот на здравствениот систем – смета професорот.

Како што вели Даниловски, невакцинираните лица треба да се плашат од вакцинираните зашто вакцините не штитат 100 отсто, па може и вакцинирано лице да биде извор на зараза.

– Вакцинираните се заштитени од тешки симптоми, односно вакцините штитат од заразување 73 проценти. Но, тој процент ќе се намалува со сè поголемото навлегување на делта сојот. И вакциниран поединец ќе има 30 отсто веројатност да биде извор на зараза. Полициски часови да има повторно е бесмислено ако веќе на располагање имаме вакцини – вели Даниловски.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

3 Мај: Новинарите слабо платени и небезбедни

3 Мај: Новинарите слабо платени и небезбедни

Од ССНМ и од ЗНМ велат дека Светскиот ден на слобода на медиумите – 3 …