Делчево: Апел за евакуација на жители од критичните реони во с. Нов Истевник и Стар Истевник

Делчево: Апел за евакуација на жители од критичните реони во с. Нов Истевник и Стар Истевник

Градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски, апелира до жителите од критичните реони зафатени со големиот пожар да се евакуираат во градската средина.

Поради алармантната состојба на теренот, неконтролираното ширење на пожарот и силниот ветар, а со цел да не се загрозат човечки животи, неопходна е  евакуација на жителите од селото Нов Истевник заедно со сите селски маала: Пасјак, Балабанци, Курачко Маало, како и на жителите од селото Стар Истевник.

Воедно, се апелира, жителите да бидат крајно внимателни и да не се движат во критичните реони. Поради неконтролираното ширење на пожарот се предупредуваат и жителите на с. Тработивиште да бидат крајно внимателни и да ја следат состојбата со цел брза реакција доколку пожарот земе посилен замаф во атарот на селото.

Прочитајте повеќе

Учениците во Македонија од понеделник за првпат на пролетен распуст

Учениците во Македонија од понеделник за првпат на пролетен распуст

Покрај пролетниот распуст кој годинава за првпат се воведе во македонското образование, има промена и …