Делчево: Потпишан договор за изградба на нова детска градинка

Делчево: Потпишан договор за изградба на нова детска градинка

Денеска во Делчево, министерката за труд и социјална политика Јована Тренчовска и градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски, го потпишаа Договорот за изградба на новата детска градинка во Делчево. Градинката ќе се гради на локација во населбата Расадник, а нејзиниот капацитет е 150 дечиња.

Градоначалникот Трајковски, изрази благодарност до министерката Тренчовска и  до МТСП затоа што ги препознаа потребите и излегоа пресрет на потребите на дечињата во Делчево. За Трајковски изградбата на градинката е посебно значајна, бидејќи станува збор за инвестиција во најмладите.

-Инвестираме во раниот детски развој, созаваме современи услови за згрижување и воспитување на дечињата, овозможуваме сите дечиња кои се на листата за чекање за прием во детската градинка, да влезат во воспитно-образовниот систем и да се подготвуваат за училишните клупи. Воедно, овозможуваме на младите родители згрижување на нивните дечиња, работа со нив по одредени планови и програми, но се создаваат услови и за нови вработувања, рече Трајковски.

Трајковски додаде дека изминатиов период посветено се работеше за да се оствари ова ветување пред граѓаните и да се изгради уште еден капитален проект кој ќе биде украс на градот и кој ќе сведочи за мотивираноста да се направи Делчево убаво место за живеење и да се одговори на потребите на сите категории граѓани.

За МТСП вложувањето во раниот детски развој  е приоритет.

  • За тоа потврдува бројката од 69 изградени градинки од 2017 година до денес и опфат на околу 4300 деца во предучилишно згрижување и воспитание. Истовремено, вложуваме во зајакнување на компетенциите на стручниот кадар во нив, нагласи министерката Тренчовска.  

Вкупната вредност на проектот за изградба на новата детска градинка во Делчево е 50,6 милиони денари со ДДВ и за опремување дополнително уште 5,6 милиони денари. Општина Делчево учествува со околу 5% во изградбата.

 Инаку, министерката Тренчовска денеска престојува во работна посета во Делчево при што, освен средба со градоначалникот, ќе оствари и посета на институциите во надлежност на МТСП

Прочитајте повеќе

Осомничениот судија заврши на распит по три дена од откриените „соѕидани“ 350.000 евра

Осомничениот судија заврши на распит по три дена од откриените „соѕидани“ 350.000 евра

Куќен притвор и одземање пасош се двете мерки што обвинителите ги бараат за осомничениот судија …