Делчево: Се гради атмосферска канализација на „Григор Прличев“

Делчево: Се гради атмосферска канализација на „Григор Прличев“

Се поставува атмосферска канализација на улица „Григор Прличев“ во населбата Милкови Брдо со што се решава уште еден голем проблем за жителите од оваа улица. Екипи на ЈПКД „Брегалница“ деновиве интензивно работат на поставување на атмосферската канализација која ќе биде во должина од 210 метри. Согласно со проектот, на 120 метри должина ќе бидат поставени цевки од фи-400, а на 90 метри ќе се поставуваат цевки фи-300. Исто така, проектот предвидува и поставување на сите придружни објекти, контролни шахти, решетки за прибирање на атмосферските води и сл.

Градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски, кој направи увид во градежните работи истакна дека со изградбата на оваа атмосферска канализација ќе се реши уште едно критично подрачје во населбата Милково брдо која важи за големо сливно подрачје и со оваа интервенција ќе се овозможи прибирање на атмосферските води во одводна инсталација и решавање на горливите проблеми на жителите од овој реон и честите поплавувања на подрумите и домовите.

Инвестицијата за изградба на атмосферска канализација е на Општина Делчево.

Прочитајте повеќе

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

На гласачките места во 14 казнено поправни установи своето гласачко право денеска ќе можат да …