Делчево се поклони пред патронот Гоце Делчев

Делчево се поклони пред патронот Гоце Делчев

Делчево со пригодни свечености одбележува 150 години од раѓањето на патронот на градот,Гоце Делчев, апостол на револуционерната борба, идеолог, организатор и водач на македонското револуционерно националноослободително движење кон крајот на XIX и почетокот на XX век.

По тој повод, за животот и делото на Гоце Делчев, реферат подготвија членови на КУД „Гоце Делчев“, а пред споменикот на Делчев во центарот на градот се поклонија и свежо цвеќе положија: делегација од Општина Делчево предводена од градоначалникот Горан Трајковски, како и претставници од Советот на Општина Делчево, претставници од институциите, политички партии, здруженија на граѓани.

Делчево од 23 април 1950 година со Одлуката на Президиумот, го добива името на великанот, идеолог и деец на Македонската револуционерна организација, Гоце Делчев. Оттогаш до денес, Делчево гордо и достоинствено го носи името на Делчев, истакна градоначалникот Горан Трајковски.

Горди на неговиот лик и дело и промотори на неговото име со севкупното негово значење и наследство, ги промовираме неговите заложби и работиме да го изградиме нашиот град достоен носител на неговото име. Во таа насока и поклонувајќи се пред ликот и делото на великанот, Делчево со пригодни настани ја одбележува 150-годишнината од неговото раѓање. Датум достоен да се навратиме на неговото дело, значење, на неговата улога во развојот на револуционарната мисла и идеологија издигнувајќи се високо со неговиот интернационален и космополитски погледвбројувајќи го Гоце во редот на светските хуманисти. Нашата цел, како одговорна локална власт е една- да го градиме Делчево врз темелите на наследството и традицијата, за  да ни биде убаво, модерно, да ни биде гордост, рече Трајковски.

Во Делчево по повод 150-годишнината од раѓањето на патронот на градот беше распишан и литературен конкурс во организација на КУД „Гоце Делчев“ и ЈЛБ „Илинден. Исто така, од архивите на ЈЛБ „Илинден“ беше отворена и изложба на наслови, документи и записи кои зборуваат за ликот и делото на Делчев. Вечерва под мотото „Делчево во чест на Гоце“ во салата од спомен-домот АСНОМ ќе се одржи свечен концерт во организација на Општина Делчево и КУД „Гоце Делчев“ на кој ќе настапат промоторите на Гоцевата мисла: „Светот го разбирам како поле за културен натпревар меѓу народите“, делчевските амабасадори на културата и традицијата. Во текот на месец февруари во соработка со Националниот музеј на македонската борба во Делчево ќе бидат отворени историски изложби.

Прочитајте повеќе

Пендаровски и Џафери со честитки

Пендаровски и Џафери со честитки по повод 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот

Фактот дека голем дел од развиените демократии денес се соочуваат со недостиг на работна сила, …