Екипи на ЈКП „Брегалница“- Делчево, деновиве работат на поставување атмосферска канализација на улиците „Царевоселска“ и „Кеј на Брегалница“, со што ќе се реши децениски проблем поврзан со поплави во оваа населба.
Денеска градоначалникот на општина Делчево, Горан Тајковски во придружба на директорот на ЈКП „Брегалница“, Стојче Стојковски, направи увид во текот на работите при што истакна дека се поставуваат полиетиленски цевки Ф-300 во должина од 160 метри, а инвестицијата е на Општина Делчево.
По завршување на овие теренски работи ќе следува асфалтирање на крак од улица „Кеј на Брегалница“ во должина од 80 метри која е дел од Договорот з афинансиска поддршка потпишан меѓу Општина Делчево и Министерство з алокална самоуправа како дел од активностите кои се спроведуваат во рамките на Акцискиот план за домување 2017-2020 година од Статегијата на Ромите.