Денеска и утре многу студено, од среда благ пораст на температурите

Денеска и утре многу студено, од среда благ пораст на температурите

Времето денеска ќе биде многу студено, со кратки сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, особено долж Повардарието и во источните делови, локално со брзина над 60 км/ч. Дневната температура ќе се движи од -7 до 3 степени Целзиусови.

Во следните денови ќе се задржи стабилно и студено време со температури кои ќе бидат под просекот за овој период од годината. На места минималните температури ќе се спуштат и под -10 степени, а и дневните ќе бидат под нула до среда, а потоа ќе имаат тенденција на постепен благ пораст.

Прочитајте повеќе

Одиме за Кочани

Граѓанското движење „Кој е Следен“ оваа сабота ќе оди во Кочани на „Маршот на Ангелите“

Граѓанското движење најави дека тргнувањето ќе биде организирано од две локации, паркинзите на „Хотел Хилтон“ …