Денеска и утре врнежливо, од петок стабилизирање на времето

Денеска и утре врнежливо, од петок стабилизирање на времето

Денеска ќе преовладува претежно облачно време, во источните делови со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта почнувајќи од запад ќе има врнежи од дожд. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од јужен и југоисточен правец со дневна температура до 21 степен.

Утре и во четврток ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд, на места поинтензивен и проследен со грмежи и засилување на ветерот. Дневната температура ќе се намали. Од петок се очекува посончево и потопло време, со услови за локален краткотраен дожд во попладневните часови. Температурата ќе се движи во интервалот од 14 до 25 степени Целзиусови.

Прочитајте повеќе

ЕК: Граѓаните плаќаат до 42 отсто од здравствените трошоци од свој џеб, расте бројот на заболени од рак

ЕК: Граѓаните плаќаат до 42 отсто од здравствените трошоци од свој џеб, расте бројот на заболени од рак

Недоволно финансирање на јавното здравство, одлив на медицински кадар, нееднаков пристап до здравствени услуги и …