Денеска истекува можноста за увид во Годишната даночна пријава

Денеска истекува можноста за увид во Годишната даночна пријава

Рокот за увид во претпополнетата Годишна даночна пријава за 2018 година истекува денеска. Даночните обврзници кои се регистрирани на системот е-персонлен данок имаат можност уште денеска преку своите кориснички профили да ги потврдат или корегираат податоците во даночната пријава.

По истекот на овој рок, даночните пријави ќе добијат статус на конечни пријави согласно последниот статус на Годишната даночна пријава – потврдена или коригирана. Утре службено ќе бидат потврдени и годишните даночни пријави кои од страна на граѓаните не се ниту потврдени, ниту корегирани.

– Пресметаната разлика за доплата по Годишната даночна пријава и платените аконтации во 2018 година, даночните обврзници имаат обрска да ја платат најдоцна до 30 јуни. Согласно законските одредби УЈП нема да носи решение за 2018 година за пресметаниот годишен персонален данок од доход – појаснуваат од УЈП.

Годишната даночна пријава која што граѓанинот ја коригирал, а добила статус на конечна даночна пријава, ќе треба да биде одобрена од службено лице на Управата за јавни приходи, а доколку службеното лице не ја одобри коригираната даночна пријава, ќе биде донесено решение за утврдување на персоналниот данок на доход за 2018 година.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

На гласачките места во 14 казнено поправни установи своето гласачко право денеска ќе можат да …