Денеска одлука за поевтинување на педесетина производи

Денеска одлука за поевтинување на педесетина производи

Владата денеска на седница треба да донесе одлука со која ќе се намалат цените на над 50 прехранбени производи за најмалку 10 проценти. Референтна цена за намалувањето на цените за 10 проценти е 1 август, а одлуката ќе биде во сила до крајот на ноември годинава. Производите опфатени со одлуката во маркетите ќе бидат означени со гарантирана цена.

„Многу повеќе од 50 производи се, околу 25 категории. На листата се речиси сите прехранбени производи, од пекарската, млечната, месната индустрија, а има и вид на наполитанки кои се продаваат во државава. Генерално листата е преземена од Државниот завод за статистика согласно со нивните методологии за утврдување на инфлацијата и на производите се трошат повеќе“, рече вчера министерот за економија Крешник Бектеши.

Со одлуката на Владата ќе има обврски за трговците на мало и на големо, како и за домашните производители.

Во договор со стопанските комори и сите чинители во секторот трговија во маркетите производите што ќе бидат опфатени со владината одлука ќе бидат означени со „гарантирана цена“. Секој потрошувач кога ќе оди во супермаркет ќе има можност да види ознака со која ќе биде наведена гарантирана цена и ќе се знае дека нема да поскапува до 30 ноември.

Сите производи кои согласно денешната владина одлука ќе поевтинат за 10 проценти, ќе може да се ставаат и на „акциски“ продажби во маркетите, но по цени пониски од веќе намалените. Доколку, пак, „акцијата“ е поради рокот на траење на производите, тоа ќе мора да биде јасно наведено – дека намалувањето на цената е поради истекот на рокот на производот.

Прочитајте повеќе

Советот за човекови права на ОН ќе расправа за состојбата со човековите права во Северна Македонија

Советот за човекови права на ОН ќе расправа за состојбата со човековите права во Северна Македонија

Работната група на Советот за човекови права на Обединетите Нации (ОН), денеска (2 мај) во …