време облачно студено

Денеска повремени врнежи од дожд, на планините снег

Денеска ќе се задржи претежно облачно време, со повремени врнежи од дожд, пообилни во северните и западните делови. На планините на северозапад ќе врне снег, особено претпладне. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Температурата ќе се движи во интервалот од 4 до 16 степени Целзиусови.

Под влијание на циклонска активност, во јужните делови од Балканскиот полуостров до понеделник ќе преовладува променливо облачно време, со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. На места врнежите ќе бидат поројни и проследени со грмежи и засилен ветер, локално над 15л/м2 за 24 часа. На планините врнежите повремено ќе бидат од снег, особено денеска и во понеделник. Од вторник времето постепено ќе се стабилизира и температурите ќе бидат во пораст.

Прочитајте повеќе

Мицкоски нуди компромисно решение за техничката влада

Мицкоски нуди компромисно решение за техничката влада

На лидерската средба кај премиерот Христијан Мицкоскибеше постигнат начелен договор техничката влада да се укине, со можен компромис …